Од Министерството за здравство истакнуваат дека со ваквиот највисок чин на хуманост граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на оние што во моментот се борат со коронавирусот
Од 729 дарители обезбедени се вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со ковид-19, а досега со крвна плазма се третирани 661 пациент, соопштија од Институтот за трансфузиона медицина.
Од Министерството за здравство истакнуваат дека со ваквиот највисок чин на хуманост граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на оние што во моментот се борат со коронавирусот. Оттаму и апелот до граѓаните до сите оздравени пациенти кои имале ковид-19 да даруваат конвалесцентна плазма, при што антителата ќе се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со ковид-19.
Од Министерството за здравство објаснуваат дека лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од ковид-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.
Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина.
Формуларот за дарител на ковид-19 конвалесцентна плазма може да го најдете на следниот линк.
