Вкупно 287 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град
Во изминатите 24 часа, во ковид-центрите во болниците низ внатрешноста на земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 398 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот, така што има слободни кревети, информираат од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на пациенти, позитивни и суспектни на коронавирусо,т кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 685 и има околу 616 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа, во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Вкупно 287 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 4 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 5, во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 31 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 59 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 40 пациенти, во Прилеп 49, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 24 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 8, во Кичево 15, Кавадарци 22, во Гевгелија 7 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Од МЗ посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
