Во 21.30 часот, во угостителскиот објект имало 29 лица
Државниот пазарен инспекторат времено затвори угостителски објект во тетовско Горно Седларце откако синоќа во 21.30 часот во таму биле затекнати 29 гости по дозволеното работно време. Полицијата, пак, го привела сопственикот, 41- годишниот Б.И. од ова село.
Сопственикот на угостителскиот објект бил задржан во полициската станица во Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
