Во рамки на проектот за зајакнување на општинските совети, општина Центар, во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, го реконструираат објектот на поранешно „,матично“
Некогашното „матично“, каде што долги години скопјани склучуваа бракови, ќе биде пренаменето во младински центар на општина Центар, за што е при крај реконструкција на објектот, сместен во бараки.
Центар веќе бара име за новиот младински центар, за што предлози може да се дадат на сајтот на општината.
Во рамки на проектот за зајакнување на општинските совети, општина Центар, во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, го реконструираат објектот на поранешно „,матично“.
„Проектот за реконструкција и пренаменување на објектот на поранешно ‘матично“, кој се наоѓа во општинскиот двор, произлезе од одржувањето на граѓанските буџетски форуми во 2019година. Покрај „матично“, уште два предлог-проекти добија поддршка за реализација – сензорните соби во трите центарски градинки и отворените културни сцени“,
информираат од општина Центар.
Градоначалниците на Центар и на град Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов, на почетокот на ноември ја најавија изградбата на новиот младинскиот центар, каде што работи се на самиот крај.
Реконструкцијата, како што велат од Општината, опфаќа поставување нова фасада и покрив, внатрешно уредување на објектот, реконструкција на санитарниот јазол, промена на внатрешниот водовод, санирање на фекалната канализација, нови санитарии, ново електрично осветлување, телефонско и компјутерско вмрежување, видео мониторинг систем, како и громобранска и против пожарна инсталација.
Зафат чини 6.941.282,00 денари. Општина Центар обезбеди 83 проценти од финансиските средства, а останатите 1.173.208 денари беа обезбедени од УНДП, како донација.
