Владата останува на ставот дека пописот ќе се спроведе напролет, додека опозицијата бара да се користи отпечаток од прст, како и целата операција да се одложи за една година
Предлог-законот за попис е на дневен ред на денешната собраниска седница.
Новиот предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија е во собраниска процедура со европско знаменце.
„Со овој закон се уредуваат содржината, подготовката, организацијата и спроведувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија надлежните органи за спроведување на пописот, правата и обврските на надлежните органи, стручните тела и другите учесници во спроведувањето на пописот, правата и обврските на давателите на податоците во пописот, единиците кои се опфаќаат со пописот, пописните реони, употребата на јазиците во пописот, начинот на спроведување на пописот, користењето, чувањето и заштитата на податоците од пописот, обработката и објавувањето на податоците од пописот, информирањето на населението за целите и значењето на пописот и неговото финансирање“,
се наведува во образложението на предлог-законот.
Планирано е пописот да се спроведе во првите три недели од април годинава, по речиси 19 години од последниот, кој беше реализиран во 2002 година. Пописот во 2011 година беше прекинат неколку дена по почнувањето.
Владата останува на ставот дека пописот ќе се спроведе напролет, додека опозицијата бара да се користи отпечаток од прст, како и целата операција да се одложи за една година.
