Огорчен и вознемирен, Трамп од средата е затворен во Белата куќа со блиските советници, чекајќи да му ја предаде власта на Бајден, а откако неговите приврзаници упаднаа во Капитол, објави „Ројтерс“
Првпат по минатонеделните немири во Конгресот на САД, претседателот Доналд Трамп денеска треба да се појави во јавноста. И тоа во Тексас, во инспекција на изградбата на ѕидот на границата со Мексико.
Трамп се согласи на патувањето, бидејќи членовите на неговиот кабинет го охрабруваада презема активности што го истакнуваат неговoто „наследство“. Огорчен и вознемирен, Трамп од средата е затворен во Белата куќа со блиските советници, чекајќи да му ја предаде власта на Бајден, а откако неговите приврзаници упаднаа во Капитол, објави „Ројтерс“.
На сајтот што ги следи работните активности на Трамп, се наведува дека претседателот денеска ќе работи од рано наутро до доцна навечер и ќе има многу повици и средби.
Трамп во Тексас планира посета на пограничниот град за инспекција на ѕидот што тој нареди да се гради на границата со Мексико.
Во меѓувреме во Вашингтон, демократите во Конгресот продолжуват со подготовките за негово отповикување. Процедурата со гласањето за отповикување се очекува да се случи утре.
Новоизбраниот претседател Џо Бајден пак, денеска нема да има јавни настни, само средби со советници за трансфер на власта, во екот на неговите подготовки за влез во Белата куќа, што треба да се случи следната недела.