По нередите во Капитол Хил, Трамп вчера во видеообраќање го призна поразот велејќи дека наскоро ќе дојде нова администрација, а ги осуди и насилствата со порака дека оние кои ги прекршиле законите ќе платат
Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој за помалку од две недели треба да ја напушти функцијата, нема да присуствува на инаугурацијата на неговиот наследник, Џо Бајден, на 20 јануари.
„За сите кои прашаа, нема да присуствувам на инаугурацијата на 20 јануари“,
објави Трамп на Твитер.
To all of those who have asked, I will not be going to the Inauguration on January 20th.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 8, 2021
Победата на Бајден беше потврдена вчера од страна на американскиот Конгрес на седница која беше прекината бидејќи поддржувачите на Трамп упаднаа во зградата Капитол Хил каде е сместено ова тело. Во нередите загинаа пет лица, а беа упатени бројни критики кон претседателот во заминување дека тој го поттикнал насилството. Негови соработници почнаа да даваат оставки, а се засили и притисокот за предвремено отстранување на Трамп од функцијата.
- Петта жртва: Полицаец им подлегна на повредите по немирите во Капитол Хил
- Соработниците на Трамп се повлекуваат: Падна и првата министерска оставка
По ова, вчера следуваше и негово обраќање, во кое тој го призна поразот велејќи дека наскоро ќе дојде нова администрација, а ги осуди и насилствата со порака дека оние кои ги прекршиле законите ќе платат.