Традиционално, со кочија и бадниковиот куп, Пановски како годинашен кум, заедно со најтесното семејство, замина од Соборниот храм во Скопје
Со ограничен број посетители, со почитување на заштитните мерки и протоколи, годинава во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одбележа Бадник, а годинашниот кум, докторот Никола Пановски, испрати апел до граѓаните за уште малку трпение поради ситуацијата со ковид-19.
„Одиме на подобро. Секој ден ќе биде полесен од претходниот. Само уште малку трпение да не ја расипеме работава на крај. Имаме поубава година и следната година да се собереме како што му приличи на секој Бадник“,
изјави Пановски.
Традиционално, со кочија и бадниковиот куп, Пановски, заедно со најтесното семејство, замина од Соборниот храм.

На денешното одбележување присуствуваше и годинашниот здравичар Миодраг Врчаковски.
Во услови на епидемија, бадниковите гранчиња во Соборниот храм беа делени на главниот влез на црквата и на влезот од страната на камбанаријата, а изостанаа и традиционалните детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.
