Скопје и Тетово предничат по бројот на активни случаи на ковид-19. Со денешните регистрирани 22 нови случаи во главниот град, бројот на активно болни од коронавирусот е 11 009 лица. Во Тетово пак, од вкупно 4 778 досега регистрирани случаи, активни се 830.
На трето место е Струмица со 597 активни случаи, па Гостивар-536, Битола-530, Прилеп-529, Кавардаци- 527, Куманово-509, Охрид-506 и Велес-474 активни случаи.
Троцифрен е бројот на активно болни и во Струга- 316, Штип – 230, Кичево-217, Кочани-209, Ресен-143, Дебар-125, Крива Паланка-122 и Радовиш-111.
Вкупно бројот на активни болни од коронавирусот во Македонија изнесува 18 798 лица, од кои 46 случаи беа регистрирани во последните 24 часа. Во изминатото деноноќие биле направени 378 тестирања, што значи само 12% од вкупниот број на тестови биле позитивни
Според денешната статистика на Министерството за здравство вкупниот бројот на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата достигна 83 789 од кои 2 522 починаа, а 62 469 се оздравени.
