А каде се маските, прашуваат голем дел од корисниците на социјалните мрежи
Министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека денот го поминува со Премиерот Зоран Заев и нивните синови. На социјалната мрежа „Фејсбук“, сподели три фотографии и кус текст.
„Времето кое го поминуваме со децата е најважно. Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко. Денеска денот е за дружење со нашите деца. Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица“,
напиша Филпче на „Фејсбук“.

Обајвата на Филипче за кратко време доби над 500 коментари. Голем дел од нив воопшто не се позитивни. Односно, многу граѓани им забележуваат и на Министерот и на Премиерот дека не носат маски, а токму тие често праќаа такви пораки до јавноста.

