Пет мажи и пет жени биле третирани на Клиниката за токсикологија во Скопје за време на новогодишната ноќ. Мнозинството биле малолетни, на возраст од 16 до 22 години.
Директорот на Универзитетската клиника за токсикологија Ридван Бајрами изјави дека од вкупно 10 пациенти третирани на Клиниката, шест биле малолетни. Имало и една девојка од друг град која била предозирана со наркотици.
„Граѓаните се придржуваа до препораките од Министерството за здравство. Пациентите беа згрижени и пуштени дома. Главно биле дома. Најмладиот малолетник има само 16 години. Главно беа до 22 години, освен еден пациент на 67 години кој бил хроничен алкохоличар“,
изјави Бајрами.
