Ништо не може да ги направи празниците помалку волшебни. Да празнуваме одговорно. Да останеме дома.
Вакви пораки испраќаат здравствените власти во видеоспотот кој го објави денеска во рамки на кампањата „Празнувај одговорно“.
Во видеото е прикажен млад пар кој се подготвува за дочекот на Новата година, како што прави вообичаено секоја година, но наместо да оди да слави надвор од домот и во друштво, парот остануваат дома.
