„Политико“ пред два дена објави дека Трамп, кој е во заминување, го назначил Гренел на ново работно место во американскиот Меморијален совет за холокаустот, кој управува со Меоморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го одликува американскиот специјален пратеник за дијалогот Белград-Приштина, со медал за национална безбедност поради неговиот „исклучителен придонес во историскиот договор за економски односи меѓу двете страни“.

Во образложението објавено од Гренел на неговиот профил на Инстаграм, заедно со фотографии од церемонијата на одликување, се наведува дека овој договор е значаен чекор кон градење помирна, побезбедна и просперитетна Европа и претставува најзначаен дипломатски чекор кон крајната цел во повеќе од 25 години.

„Придонесот на амбасадорот Гренел за постигнување на овој историски дипломатски напредок во Србија и Косово ќе доведе до посветла иднина за милиони луѓе“,
се додава во образложението.

На 4 септември во Вашингтон, Белград и Приштина објавија дека ги нормализирале економските односи во рамки на преговорите, со посредство на САД. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти договорот постигнат со посредство на Гренел го потпишаа во Овалната соба.
Политико пред два дена, објави дека Трамп кој е во заминување, го назначил Гренел на ново работно место во американскиот Меморијален совет за холокаустот, кој управува со Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон.
