Во автомобил марка „мерцедес“ што бил сопрен кај наплатната рампа Желино пронајдени се паковки кокаин, информира полицијата.
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во заедничка акција со СВР Тетово денеска на наплатната станица Желино сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски регистерски ознаки, во кое биле Х.И,(31) од село Градец, Гостивар, С.Б (31) од село Градец и А.Ш. (32) од Гостивар.
При извршениот преглед биле пронајдени пакувања со кокаин.
Како што информираат од МВР, лицата се приведени во СВР Тетово и ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство Тетово.
