Канада денеска издаде дозвола за употреба на вакцината која ја разви компанијата „Модерна“.
Издавањето дозвола овозможи испорака на околу 168 000 дози од вакцината до крајот на оваа година.
Претходно, Канада, во текот на овој месец, издаде дозвола за вакцината која заеднички ја развија компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, а властите веќе почнаа да спроведуваат имунизација против ковид-19 меѓу здравствените работници и повозрасните граѓани.
