Случаите, како што се проценува, ќе продолжат да растат сè додека стапката е над 1, а моментно таа е меѓу 1,1 и 1,3
Стапката на репродукцијата на нови случаи на ковид-19 во Велика Британија повторно e во нагорна линија и сега се проценува дека е помеѓу 1,1 и 1,3, според најновите податоци на Владата .
Тоа, како што пренесува Би-би-си, е благ пораст од минатата недела, кога се проценуваше дека е помеѓу 1,1 и 1,2.
Р0, во просек, е бројот на луѓе на кои едно заразено лице ќе им пренесе вирус.
Случаите, како што се наведува, ќе продолжат да растат сè додека стапката е над 1.
Бројката е највисока на истокот на Англија и во Лондон, со Р0-вредност од 1,2 до 1,5.
