Мината недела светот забележа нов рекорд по бројот на новозаразени со ковид-19. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), биле регистрирани 4,6 милиони случаи, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата.
Статистиките покажуваат дека од 14 до 20 декември се регистрирани 4 612 790 новоинфицирани со коронавирусот, а бројот на смртни случаи изнесувал 79 001.
Најмногу од новите случаи се во Северна и Јужна Америка, над 2,3 милиони, додека Европа, пак, во истиот период забележа рекорден број на починати, над 36 000.
Со 4,6 милиони новозаразени во периодот од 14 до 20 декември, се надмина рекордот кој беше поставен само една недела претходно, кога од 7 до 13 декември имаше над 4,3 милиони нови случаи.
