Покрај 7 пациенти од главниот град, денеска има 5 смртни случаи во Прилеп и 4 во Охрид
Уште 26 пациенти починаа од ковид -19 во последното деноноќие, како што информира Министерството за здравство.
Најмладиот починат пациент има 42 години и е од Скопје, каде што повторно има најмногу починати – седум од вкупно 26 смртни сучаи како последица на ковид-19, во последните 24 часа, се од главниот град. Другите починати пациенти од Скопје се на возраст од 65, 74, 83, 69, 80 и 86 години.
Петмина од починатите се од Прилеп и тие се на возраст од 79, 61 и 76 години, а двајца од починатите од овој град се 65-годишни.
Четворица од починатите пациенти во изминатото деноноќие се од Охрид, на возраст од четири пациенти од Охрид 62, 70, 57 и 81 година.
Во Куманово има два смртни случаи, на возраст од 87 и 52 години. Двајца починати се од Битола (77 и 69 години) и од Кичево (64 и 77г).
По еден смртен случај има во Свети Николе (65г), Дебар (80г), Струга (62г), и еден пациент од Неготино (74г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79 190, бројката на оздравени пациенти е 56 099, на починати е 2 340, а бројот на активни случаи изнесува 20 751.
Моментно дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 34165, активни 11653
• Куманово 4511, активни 565
• Дебар 590, активни 114
• Штип 3215, активни 359
• Прилеп 3992, активни 765
• Тетово 4631, активни 956
• Струга 1931, активни 387
• Велес 2630, активни 544
• Битола 2889, активни 683
• Охрид 2245, активни 604
• Кавадарци 1928, активни 540
• Гостивар 3263, активни 645
• Гевгелија 1077 активни 301 (73 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 183 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2184, активни 625
• Крива Паланка 570, активни 118
• Радовиш 583, активни 126
• Крушево 155, активни 68
• Кочани 1536, активни 255
• Пробиштип 429, активни 46
• Демир Хисар 227, активни 38
• Македонски Брод 208, активни 33
• Пехчево 131, активни 15
• Берово 471, активни 70
• Валандово 282, активни 57
• Виница 432, активни 67
• Делчево 651, активни 219 (179 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 185, активни 25
• Свети Николе 1016, активни 136
• Кичево 1526, активни 268
• Ресен 602, активни 138
• Неготино 935, активни 331 (150 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
