Професорката Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, во интервју за емисијата „360 Степени“ зборуваше за новото име на државата и што би правела таа во однос на тоа ако биде избрана на функцијата, дали ќе го признае и дали ќе го употребува.
– Политичар е едно и кога велите дека сум ретерирала, тоа беше одговор на тезите дали ќе сум се качувала па ќе сум ги симнувала натписите и така натаму… Не. Немам намера тоа да го правам. Тие зборуваат за државата, но јас ви кажувам, јас никогаш нема сама да употребам „Република Северна Македонија“. Нема. Бидејќи јас не познавам… колку луѓе познавате во животот што сами промениле име? Јас еден. Колку луѓе познаваме на кои им го смениле името? Не познавам, освен моите дедовци и прадедовци на кои им ги преправале имињата. Значи, јас ќе го игнорирам. Тоа може да го чуваат полицајци, каде сакаат да го пишуваат и јас ќе го игнорирам тоа.
Што е правната последица од сето тоа? Нашата држава беше пред Меѓународниот суд на правдата, доби кристално јасна пресуда. И што се случи со таа пресуда?
– Сакате да кажете дека треба да се откажеме?
Што се случи со таа пресуда?
– Да, извинете, пресудата си е пресуда. Неа ја игнорираа политичари, генералниот секретар на НАТО и така натаму. Но, ние зборуваме сега за нешто друго, за задолжително право, за јус когенс, коешто ако не биде почитувано, се што е резултат од него е ништовно. Така вели Конвенцијата за договорно право.
Така беше и до сега, беа наметнати дополнителни критериуми и за приемот во Обединети нации. И што се случи?
– А што очекувате, јас како професор, наместо за јуридизација, да зборувам за политизација на правото? Па ајде да ги распуштиме тогаш Обединетите нации, Меѓународниот суд на правдата – рече Силјановска.
Напишете коментар