Албанија ги заостри рестриктивните мерки за заштита од ковид-19 во пресрет на празниците поради ризикот кој го носат собирите и зголемувањето на физичките контакти. Наместо од 22:00 часот, како досега, од 24 јануари полицискиот час ќе почнува во 20:30 часот, а ќе трае до 6:00 часот наутро.
Оваа мерка ќе важи до 4 јануари 2021 година. Од 5 јануари, пак, полицискиот час повторно ќе почнува во 22:00. Исклучок се само службите за итни потреби и медиумите.
Новите ограничувања на движењето денеска го соопшти министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу.
Со ова се скратува и работното време на угостителските и трговски објекти, а ќе им биде дозволено да работат само оние кои вршат достава.
Со новата одлука на Комитетот од 24 декември до четврти јануари во 20:30 завршува работното време и во угостителските и трговските објекти, освен оние за домашна достава.
Според министерката Манастирлиу, состојбата со нови случаи во последните недели се стабилизирала и таа во последните две седници инциденцата изнесува 359 новозаразени на 100 000 жители. Процентот на зафатеност на кревети во ковид-болниците е 63,7 отсто.
