Од денеска за влез во Србија странските државјани и српските државјани кои доаѓаат од странство мора да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа или ќе одат во домашна изолација 10 дена, што може да се прекине доколку во меѓувреме добијат негативен ПЦР-тест.
Останува во сила забраната за работа на сите објекти по 17 часот, што не важи за објектите за храна, аптеките и бензинските пумпи.
Според тамошните власти, досегашните мерки во Србија имале ефекти, иако бројките се и натаму високи и покрај падот на новозаболените лица. Според последниот пресек, од тестирани над од 11 000 луѓе, а повеќе од 3 500 се позитивни, додека 54 пациенти починале.
Во болниците бројот на примени е сè уште поголем од бројот на отпуштени пациенти. Болниците во многу градови се полни.
