На изборите гласале 14 301 штипјани, а на едно избирачко место, каде што излегле 226 лица, гласањето е поништено и нема да се прегласува
Сашко Николов од СДСМ стана градоначалник на Штип со вкупно 11 477 гласа од сограѓаните, на дополнителните избори што се одржаа минататанедела.
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги соопшти конечните резултати од гласањето за градоначалник на изборите во Штип, што се одржаа на 13 декември.

Кандидатот на Интегра Симон Поликарп освоил 1 179 гласови, на коалицијата „Иднина во нашите раце“ Гоце Ангелов 267, независниот каднидат Трајчо Митев 280, а на ТМРО Лазар Наумов 282 гласа.
Право на глас на предвремените избори во Штип имаа 41 777 гласачи. Гласале 14 301 избирач, неупотребени биле 26 845 ливчиња, важечки 13 485, а неважечки 816 гласачки ливчиња.
За изборите да бидат успешни, во првиот круг на гласање требаше да излезат најмалку 13 926 штипјани или една третина од вкупниот број избирачи, што значи дека потребниот праг е надминат за нешто повеќе од 300 гласа.
За разлика од конечните резултати, со кои се официјализира победата на Николов, целосните но неофицијални резултати што ги објави ДИК, ден по гласањето, укажуваа на повисок одѕив од сегашниот. Тогаш, беше забележано, дека од сите 81 глазсачко месро во Штип, на гласање излегле

Меѓутоа, на 17 декември, изборната комисија носи одлука за поништување на гласањето во едно избирачко место, поради тоа што во гласачката кутија имало 227 ливчиња, а вкупниот број на избирачи што се потпишале дека гласале е 226. Како што е наведено во решението на ДИК, на ова избирачко место ќе нема прегласување, затоа што не влијае на конечниот резултат.

На 13 декември, освен во Штип, се гласаше и за градоначалник на Пласница.
Конечните резултати за Пласница беа соопштение на седницата на ДИК во четвртокот. Најмногу гласови 1 696 освои кандидатот на ДУИ Алија Јаоски.

Николов и Јаоски ќе бидат градоначалници на Штип и Пласница се до одржувањето на локалните избори наесен следната година.