Опозицискиот лидер му реплицира повторно на премиерот во врска со недоразбирањата на релација Скопје – Софија
Враќање на таблите „кои ја рефлектираат вистинската историска вистина“, а кои актуелната Влада би ги сменила, најавува опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, доколку дојде на власт. Тој алудира на изјава на премиерот Зоран Заев дека е подготвен од спомен-плочите да се повлече „бугарски“ и да стои само „фашистички окупатор“.
„А јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и противзаконски грешки.Враќањето на таблите кои ја рефлектираат вистинската историска вистина, а Заев ќе ги смени, ќе биде меѓу првите грешки што ќе ги исправиме“,
напиша денеска Мицкоски на фејсбук.