Кралот на Шведска, Карл Густав (74), вели дека земјата потфрлила во справувањето со новиот коронавирус. Во годишно интервју на кралското семејство, Густав за шведскиот јавен сервис зборуваше дека е трауматично колку луѓе починале од ковид-19.
„Мислам дека не успеавме. Имаме голем број починати и тоа е страшно. Помислете на сите членови на семејствата што не беа во можност да се збогуваат со своите починати роднини. Мислам дека е тешко и трауматично искуство да не може да се каже топло збогум“,
вели Густав.
На прашањето дали тој се плаши од заразување со ковид-19, вели дека во последно време е се поочигледно.
„Не е нешто што го посакувате“,
додава тој.
На почетокот на пандемијата, кралот Карл и кралицата Силвија се изолирале во палатата Стенхамер, на околу стотина километри југозападно од Стокхолм.
Шведска, од почетокот на епидемијата до сега има регистрирано повеќе од 350 000 случаи на ковид-19, а досега починале 7 893 лица.
Во последните 24 часа земјата забележа и црн рекорд со 8 881 нови случаи на коронавирусот, а 91 починале.
Шведска од почетокот на епидемијата одлучи да применува поразличен модел на справување со коронавирусот од сите другите земји во светот. Сега, откако започна есенскиот бран на вирусот, земјата ја менува стратегијата и наместо колективен имунитет се воведува ограничување во движењето.
