Претседателот на Покраинскиот парламент на Хесен, Борис Рајн, во понеделникот, на специјална онлајн церемонија, им ја додели наградата за решавање на повеќедеценискиот спор за името со Преспанскиот договор
Ако историскиот договор од Преспа нѐ научи на нешто, тоа е дека е време да ја создаваме историјата на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа, напиша на Твитер лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер, Алексис Ципрас, по повод наградата за мир од германската покраина Хесен што ја доби заедно со македонскиот премиер Зоран Заев.
„Чест е да се прими Хесенската награда за мир и да се сподели со пријател како Зоран Заев. Се надевам дека тоа им дава сила на луѓето во Северна Македонија да продолжат да се борат за својата добро заслужена и долго очекувана европска иднина. Ако историскиот договор од Преспа нѐ научи нешто, тоа е дека е време да создаваме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа“,
напиша Ципрас на Твитер.
— Alexis Tsipras (@tsipras_eu) December 15, 2020
Претседателот на Покраинскиот парламент на Хесен, Борис Рајн, во понеделникот, на специјална онлајн церемонија, им ја додели наградата на премиерот Зоран Заев и на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за решавање на повеќедеценискиот спор за името со Преспанскиот договор, нарекувајќи го вистински дипломатски подвиг што никој досега не го сторил.
Се работи за парична награда, при што премиерот Заев својот дел од 25 000 евра ја донираше во солидарниот Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот.
