Во изминатото деноноќие во Грција повторно е регистриран зголемен број смртни случаи од ковид-19, починаа 98 лица, а заразени се уште 1 240 лица, јави МИА.
Од новите случаи, 270 се во Атика, поширокиот регион на Атина, а 232 во Солун.
Од почетокот на епидемијата во Грција од ковид-19 починаа 3 785 лица, а регистрирани се вкупно 126 372 случаи.
