Премиерот Зоран Заев тврди дека неговата партија во Штип ги почитувала мерките за заштита од коронавирусот и уверува дека не учествувал на никаква прослава по победата на СДСМ на предвремените градоначалнички избори.
„Во Штип ги носевме заштитните мерки, одржавме прес-конференција, директно, немаше никаков вид славење каде што учествував јас, со прослави и пијачки. Дојдов, честитав, одржав прес-конференција и заминав кон Скопје“,
одговори Заев на прашањето дали планира самиот да се казни за славењето во Штип.
По изборите на плоштадот во Штип, каде што се наоѓаше и промотивниот штаб на СДСМ, можеше да се забележи дека со собра поголема група граѓани, а медиумите можеа да забележат и дека се прославуваше со блех-музика.
*Поврзани вести:
(ФОТОВЕСТ) Прославата во Штип заврши со блех музика после прес-конференцијата
(ВИДЕО) Заев по успешните избори: Штипјани го казнија раководството на ВМРО-ДПМНЕ