Пошта на Северна Македонија повикува да се обнови традицијата на испраќање новогодишни честитки и подароци.
Новиот директор, Јани Макрадули, преку видеообраќање повикува граѓаните да испраќаат честитки и гарантира дека тие ќе стигнат на вистинската адреса.
„Време е за убави работи и нова надеж во следната година. Заедно да ја обновиме традицијата. Да испратиме честитка, писмо или подарок преку пошта, а јас ве уверувам дека таа ќе стигне безбедно кај вашите сакани. Јас веќе почнав да ги пишувам моите честитки, приклучи се и ти“,
вели Макрадули.