Рускиот претседател Владимир Путин му го честиташе изборот на Џозеф Бајден за американски претседател откако вчера Изборниот колеџ формално ја потврди неговата победа на изборите од 3 ноември.
„Од моја страна, подготвен сум за соработка и контакти со вас“,
напиша Путин во пораката до Бајден, соопшти Кремљ.
Путин во пораката уште му посакува успех на Бајден и изразува уверување дека Русија и САД можат, и покрај несогласувањата, да решат многу проблеми и предизвици во светот, се вели во соопштението.
Изборниот колеџ на САД вчера формално го избра Бајден за претседател.
Но и покрај тоа, претседателот во заминување Доналд Трамп продолжува да тврди дека тој е победник на изборите и обвинува за изборни измами.
