Во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 17 приеми, на Инфективната клиника 14, а во ГОБ 12
Уште 43 пациенти се хоспитализирани во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје поради компликации од коронавирусот.
Вкупно 497 лица, сомнителни и потврдени на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираа претпладнево од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми, и тоа по тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија и на Клиниката за неврологија, четворица на Институтот за ТБЦ, по двајца на Клиниката за дерматовенерологија и на Клиниката за гастроентерохептологија, еден на Очната клиника. Двајца пациенти се примени и на ОРЛ.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 14 болни. Во изминатите 24 часа. дома се пуштени 31 оздравен пациент, информираат од МЗ.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациент со симптоми на коронавирусот. Во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 16, а на ОРЛ 28 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести 152 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38.
Вкупно 497 пациенти потврдени или сомнителни на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка, велат од МЗ.
Како што посочуваат од Министерството, и покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало дваесетина слободни места, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.