Тој не присуствуваше на денешниот настан по повод 100 дена Влада, а портпаролот на Владата рече дека е отсутен од здравствени причини
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи објави дека е позитивен на коронавирус.
Sot morra testin me rezultat pozitiv në Kovid-19. Për momentin jam stabil me simptome të lehta, dhe shpresoj se me…
Posted by Fatmir Bytyqi on Monday, December 14, 2020
„Денеска добив позитивен тест на ковид-19, во моментов сум стабилен со благи симптоми и се надевам дека со лесно ќе помине“,
напиша Битиќи на Фејсбук.
Тој денеска не се појави на прес-конференцијата во Владата по повод 100 дена Влада, за портпаролот Душко Арсовски рече дека е отсутен од здравствени причини.
„360 степени“ попладнево го праша портпаролот на Владата дали причината за отсуството на Битиќи денеска е можеби ковид-19, но Арсовски не можеше да потврди.
Битиќи на средината на октомври беше во самоизолација поради контакт со заразено лице и за тоа и тогаш информираше преку Фејсбук.