Во последните 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 38 нови пациенти, а отпуштени се 16 излекувани.
Моментално вкупниот број на пациенти што се лекуваат во главниот град изнесува 491, а до утринава биле слободни уште 30-тина болнички кревети.
Најмногу пациенти се хоспитализирани на Инфективната клиника – 152 и во Градската општа болница „8 Септември“ – 110. Во Детската болница во Козле има 32 пациенти од кои 9 деца и 23 возрасни.
Состојбата на интерните клиники е следна: на Кожната клиника се лекуваат 26 пациенти; на Клиниката за неврологија 30; на Институтот за ТБЦ 48; на Клиниката за нефрологија 23; на Клиниката за очни болести 18; на ОРЛ 26; а на Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.