Кон крајот на минатиот месец Шведска која беше позната по специфичен модел на полабави препораки го напушти овој начин на справување со пандемијата и почна да воведува ограничувања
Шведската влада денеска ќе предложи нов закон со кој ќе се овозможат поголеми овластувања во борбата против пандемијата на новиот коронавирус.
Новиот закон предвидува владата да може да нареди и да имплементира рестриктивни мерки, како што е затворање на трговските и фитнес-центрите.
„За законот прво ќе има дебата, а потоа ќе оди на гласање во парламентот, а примената на законот би можела да биде од 15 март и да остане во сила околу една година“,
соопшти владејачката коалиција.
Вториот бран на пандемијата повеќе ја погоди Шведска, каде што се забележани негативни дневни рекорди на хоспитализирани и починати лица.
Согласно шведските закони, владата сега нема голем простор за спроведување драконски мерки, како што е целосно затворање на економијата.
