Според првичните сознанија на Обвинителството, починатиот со години се грижел за 84- годишната сопруга, која била со многу нарушено здравје, а во изминативе неколку недели се влошила и неговата здравствената состојба
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Кавадарци и увидна екипа од МВР извршиле увид во куќа во село Шивец, каде што е пронајдена жена на возраст од 84 години со тешки телесни повреди.
Според првичните сознанија, повредите ги направил нејзиниот 73-годишен сопруг користејќи секира и други опасни орудија. Потоа, тој заминал од куќата и фрлајќи се во водите на Црна Река си го одзел животот.
Според првичните сознанија на Обвинителството, починатиот со години се грижел за сопругата која била со многу нарушено здравје. Во изминативе неколку недели се влошила и здравствената состојба на сега починатиот, по што тој посегнал по животот на оштетената, но и по сопствениот.
Оштетената е во животно загрозувачка состојба и се наоѓа на скопските клиники на натамошно лекување.
Јавент обвинител од Кавадарци издаде наредби за обезбедување и прибирање траги од место на настанот, папиларни линии и предмети кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење, а во насока на утврдување факти во предметот.