Претходно вечерва, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, поранешен министер за здравство, објави дека е заразен со коронавирус
Градоначалничката на Битола Наташа Петровска е заразена со коронавирус.
Таа вечерва, преку својот фејсбук профил, информираше за позитивниот тест на ковид-19.
„По резултатите од денешниот направен тест се утврди дека сум позитивна од COVID 19. Следните денови согласно препораките останувам во изолација. Бидете во добро здравје“,
напиша таа.
Претходно вечерва, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, поранешен министер за здравство, објави дека е позитивен на коронавирусот.