Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во Скопје.

Според првичните информации на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 14 часот и 9 минути по локално време, 8 километри источно од Скопје, на длабочина од 2 километри. Меѓутоа, нешто подоцна, беше објавена нова информација во која се вели дека потресот бил со јачина од 3,9 степени и на длабочина од 1 километар.

Веднаш по него, за неколку минути, се почувствува и втор помал потрес.
Засега нема други детали.