Вкупниот број на сомнителни и потврдени со ковид-19, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, е 478 лица
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Со ова, вкупниот број на сомнителни и потврдени со ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град е 478 лица.
Во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 22 приеми и тоа: пет пациенти на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, четворица во ковид-центарот на Клиниката за Неврологија, тројца болни се хоспитализирани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца на Клиниката за гастроентерохепатологија и исто толку на Клиниката за очни болести, додека четворица се примени на Клиниката за нефрологија.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника биле примени 10 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 30 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симптоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 19 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести има 156 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 10 деца и 24 возрасен.
Вкупно 478 пациенти потврдени и сомнителни на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Од Министерството за здравство истакнуваат дека во текот на денешниот ден се очекува да се ослободат дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.