Во изминатите 24 часа од болниците во Скопје каде што се лекуваат ковид-пациенти имало 48 приеми на нови пациенти, а 19 испити на оздравени.
Во моментов во скопските болници се сместени 476 лица кои се позитивни или сомнителни на ковид-19.
„И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20-ина слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ’8 Септември‘“,
велат од Министерството за здравство.
Во наредните два дена, велат од Министерството за здравство, ќе се отвори и веќе најавеното ковид-одделение на Клиниката за уво, нос и грло.
Во моментов, во Скопје најмногу пациенти лежат на Инфективната клиника – 159, а во Градската општа болница „8 Септември“ има 108. Во Детската клиника во Козле, пак, се сместени 31 пациент, од кои 10 деца и 21 возрасен.
На интерните клиники, пак, состојбата е следна: На Кожната клиника има 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 33, на Институтот за ТБЦ 54, на Клиниката за гастроентерохепатологија 26, на Клиниката за нефрологија 26и, а на Клиниката за очни болести лежат 15 пациенти.