Избраниот претседател на САД Џозеф Бајден е против смртна казна и ќе работи на нејзино укинување, изјави денеска неговиот портпарол, додека Министерството за правда закажа уште три федерални егзекуции пред инаугурацијата на 20 јануари.
„Бајден се противи на смртната казна, сега и во иднина“,
рече секретарот за печат Т.J Дакло, но не наведе дали егзекуциите ќе бидат запрени веднаш откако Бајден ќе ја преземе функцијата.
Поддржувачите на укинувањето на смртната казна ја повикаа администрацијата на Доналд Трамп да ги суспендира сите егзекуции се додека Бајден не ја преземе функцијата.
Оваа година, Министерството за правда одобри егзекуција на повеќе луѓе отколку во претходниот половина век, и покрај тоа што смртната казна што ја изгуби јавната поддршка и од демократите и од републиканците.
Синоќа Министерството најави извршување на најстрогата казна на 11 декември и на 14 и 15 јануари.
За оваа година се закажани уште две егзекуции, вклучително и за првата жена во изминатите речиси шест децении, но во четвртокот федерален судија донесе одлука дека погубувањето не може да се случи пред крајот на годината.