Во моментов на клиниките во главниот град се лекуваат 467 сомнителни и потврдени за ковид
Во ковид центрите во Скопје, изминативе 24 часа хоспитализирани се 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, соопшти Министерстото за здравство.
Со тоа, вкупниот број на пациенти на инфективните оддели во главнот град е 467 лица сомнителни и потврдени со ковид-19.
Во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, четворица болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, а десет во новоотворениот центар на Клиниката за очни болести.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени шест лица. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 11 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 106 пациенти, на Клиниката за инфективни болести 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти, од кои 6 деца и 30 возрасни.
Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Од вчера наутро ковид – одделенијата во Скопје се проширени за дополнителни 43 кревети и се ставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за ковид- 19.
Почна да работи ковид – одделелението на Кликината за очни болести со капацитет од 23 кревети, ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ е проширен за 26 нови места и капацитетот од досегашните 80 се зголемува на 106 болнички кревети.
Во наредните денови се очекува да почне со работа и ковид- центарот на Клиниката за уво, нос и грло.