Оваа вакцина не е „конкуренција“ на другите вакцини, велат истражувачите, додавајќи дека потребно е да има што повеќе успешни вакцини
Вакцината против коронавирус на Астра Зенека и Оксфорд покажала силен имунолошки одговор кај лицата на возраст од над 60 години, кои се изложени и на најголем ризик од вирусот, потврдија истражувачите.
Овие резултати се добиени во втората фаза од истражувањете со која биле опфатени 560 здрави возрасни доброволци.
Ова истражување кое треба да покаже и дали вакцината спречува луѓето да заболат од ковид-19 има три фази на испитувања и првите резутати за ова се очекуваат во наредните недели.

Податоците за Оксфордската вакцина се од претходната фаза, фокусирана на безбедноста на вакцината и реакцијата на организмот, а како предност на оваа вакцина се смета и тоа дека не треба да се чува на многу ниски температури.
Ендру Полард, раководител на студијата од Универзитетот во Оксфорд за Би-би-си изјави дека е „целосно воодушевен од резултатите“ кои покажуваат силен имунолошки одговор „дури и кај лица постари од 70 години“.
За тоа дали вакцината ги штити луѓето од ковид-19, тој рече дека тие податоци „се уште ги немаат“, и најверојатно ќе бидат објавени „пред Божиќ“.
Полард рече дека оваа вакцина не е „конкуренција“ на другите вакцини, додавајќи дека потребно е да има што повеќе успешни вакцини.
„Ќе ни бидат потребни сите за да ги заштитиме луѓето во целиот светот“,
рече тој.
На што се базира оптимизмот?
Она што го објавија истражувачите кои рааботата на оксфордската вакцина е дека повозрасни лица од 56-69 и над 70 години имале сличен имунолошки одговор.
Одговорот на Т-клетките – друга мерка за тоа колку реагира имунолошкиот систем – го достигна врвот две недели по првата доза на вакцината, без оглед на возраста.
Две недели по втората доза, повеќе од 99% од учесниците покажале реакции на неутрализирачки антитела, и тоа кај луѓе од сите возрасти.

Истражувачите сметаат дека оптимизот за оваа вакцина е токму во овој дел, бидејќи во популацијата со најголем ризик од ковид-19 спаѓаат луѓе со други здравствени проблеми и повозрасни лица.
„Се надеваме дека ова значи дека нашата вакцина ќе помогне да се заштитат некои од најранливите луѓе во општеството, но ќе бидат потребни дополнителни истражувања пред да бидеме сигурни“,
велат истражувачите од Оксфорд.
Вакцината против ковид на Стра Зенека и Оксфорд е направена од ослабена верзија на вирус на настинка (познат како аденовирус) од шимпанза која е модифицирана за да не може да се развива кај луѓето.
На оваа вакцина се работи од јануари и беше развиена за помалку од три месеци, почнувајќи со испитувања врз луѓе – првото во Европа, во април во Оксфорд.
Произведувачите и на други три вакцини –Фајзер – Бионтех, Спутник и Модерна веќе објавија добри прелиминарни податоци од испитувањата во третата фаза при што една сугерира дури 94% ефикасност кај лица над 65 години.