Полицијата вчера запленила амфетамин и марихуана при претрес на возило во скопската населба Влае и привела 38-годишен скопјанец.
Според соопштението на МВР, полицајци од Секторот за недозволена трговија со дрога во соработка со СВР Скопје запреле возило марка „субару форестер“ со скопски регистрации.

При претрес на возилото првично откриле пакувања со синтетичка дрога амфетамин, а потоа употребиле и куче за детектирање на дроги.
„При дополнителен преглед со употреба на службено куче за детектирање на дроги, во внатрешноста на шал таблата од возилото, во специјално направен бункер биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и амфетамин, наменети за натамошна продажба“,
соопштија од МВР.
Против приведениот скопјанец, најавуваат, ќе се поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје.