Левандовски присуствувал на неколку настани за време на изборната кампања, како и на прославата во текот на изборната ноќ во Белата куќа
Советникот на изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, Кори Левандовски е позитивен на коронавирус.
Левандовски присуствувал на неколку настани за време на изборната кампања, како и на прославата во текот на изборната ноќ во Белата куќа, на која биле неколку луѓе кои подоцна е утврдено дека се позитивни на ковид-19.
Левандовски, во изјава за Си-ен-ен, ја минимизира можноста да се заразил со вирусот во текот изборната ноќна забава, туку вели дека можеби се инфицирал додека бил во Филаделфија.
Голем број вработени во Белата куќа се позитивни на коронавирус во вториот бран на епидемијата, вклучувајќи го и шефот на кабинетот на Трамп, Марк Медоуз.