Тетовската полиција поднесе кривични пријави против 15 лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела вршење на јавен превоз без поседување на лиценца.
Од Министерството за внатрешени работи информираат дека кривични пријави се поднесени против: Х.И. (60), Б.В.(55), С.П.(60) тројцата од Тетово, И.О.(31), Б. Б. (47), двајцата од с. Пирок, Ш.И.(59) од с.Д.Палчиште, С.Е.(34) од с.Добарце, М.М.(53) од с.Г.Палчиште, М.М.(30) од с.Калник, О.М.(20) од с.Непроштено, В.М(48) од с.Беловиште, Д.В.(58) од с.Рогачево, Љ.К. (53) од с.Старо Село, С.И. (38) од с.Голема Речица, и Н.Н(56) од с.Боговиње.
„СВР-Тетово од 29 септември 2020 до 3 ноември 2020 спроведе повеќе акциски контроли со цел утврдување нерегуларности во вршењето на јавен превоз при што било констатирано дека горепријавените лица во својство на превозници, вршеле јавен превоз, без да поседуваат соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници во патниот сообраќај“,
се појаснува во соопштението од МВР.
