Од почетокот на епидемијата до денеска бројот на заразени со ковид-19 во Италија надмина еден милион. Во изминатите 24 часа во земјата се регистрирани 32 961 нов случај, соопшти италијанското Министерство за здравство.
Според Министерството, денеска се потврдени и најголем број на починати од 6 април – 623, што претставува значаен пораст во однос на претходниот ден, кога беа регистрирани 580 смртни случаи. Досега од последиците на коронавирусот починале вкупно 42 953 луѓе.
Пандемијата на ковид-19 најтешко го погоди регионот Ломбардија, каде се потврдени 8 180 новозаразени лица.