Угостителски објект во Куманово е затворен по наредба на Пазарниот инспекторат поради непочитување на протоколот за работа, информираше на прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.
Инспекторатите поднеле и две кривични пријави за угостителски објекти во Струга и Прилеп во периодот од 2 до 8 овој месец.
„Во овој временски период направени се вкупно 5 503 контроли. Овие служби деноноќно работат со полн капацитет и така ќе продолжат и во следниот период. Но во целиот процес потребна и поддршка и помош од секој граѓанин преку почитување на мерките, но и од стопанствениците преку почитување на здравствените протоколи. Оваа поддршка ни е потребна повеќе отколку во изминатите осум месеци“,
истакна Филиповска-Грашкоска на прес-конференцијата.
Филиповска-Грашкоска вели дека во овој период е помал бројот на прекршоци кои се регистрирани од страна на инспекторатите.
„Претпоставувам дека измените на законот со кои се зголемија надлежностите на инспекторите ги дадоа своите резултати“,
рече таа.