Поради зголемен број на заболени лица од ковид-19 како и дефицитот на термини за тестирање, кумановскиот кризен штаб бара од Министерство за здравство барем двојно да се зголеми бројот на термини за тестирање преку „Мој термин“ за Општина Куманово.
Дополнително посочуваат дека требаат и промени во протоколите за лекување на болните од ковид-19.
„Поради зголемен број на заболени лица, како и обезбедување на нивен соодветен третман за лекување (преглед, усмерување, хоспитализација и сл.) бараме од Министерство за здравство и Комисија за заразни болести да ја разгледа потребата од донесување на нови или промени на постоечките протоколи“,
се вели во соопштението на општинскиот кризен штаб.
Од Општина Куманово апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите мерки за лична заштита од ковид-19, како и новата мерка со која се забранува групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден.