Актуелниот американски претседател Доналд Трамп оцени дека демократот Џо Бајден лажно се претставува како победник на изборите во САД, откако голем број медиуми го прогласија за победник на претседателските избори. Трамп додаде дека од понеделник почнува да ја брани својата позиција на суд за резултатите од претседателските избори.
„Џо Бајден не е прогласен за победник на ниту една сојузна држава, а камоли на некоја од многу оспоруваните држави кои се насочени кон задолжително пребројување на гласовите или држави каде што нашата кампања има валидни и легитимни правни предизвици што можат да го одредат крајниот победник“,
смета Трамп.
Тој најави пребројување на сите легални гласачки ливчиња и неброење на незаконски ливчиња.
„Ова е единствениот начин да се обезбеди јавноста да има целосна доверба во нашите избори. Останува шокантно што кампањата на Бајден одбива да се согласи со овој основен принцип… Само партија што се занимава со нечесно дело незаконски би ги држела набљудувачите надвор од просторијата за пребројување“,
вели Трамп.
Бајден беше прогласен за победник првично од повеќе медиуми кои се засновани на исклучително прецизни статистички пресметки.
Откако тој победи во државата Пенсилванија, со што доби уште 20 електорски гласа и надминувајќи го минимумот од 270, медиумите објавија дека САД го доби 46. претседател на земјата.
Засега Бајден има 273 електорски гласови од можни 538. И според Фокс њуз телевизија, која е голем поддржувач на Трамп, го прогласи Бајден за победник со 290 електроски гласови, со оглед на тоа што тие веќе го прогласија демократскиот кандидат за победник и во државата Аризона.