Зоран Милевски-Кичеец влегуваше кај Бојан Јованоски (Боки 13) како во свој дом, речиси секој ден, кажа Драгана Колевска, која хонорарно била ангажирана да чисти во домот на Боки 13. Таа вели дека доаѓале и многу други личности од јавниот живот.
„Сум ја видела Шекеринска, Јанева, кратки посети беа тоа. Доаѓаше Стефан Богоев, Венко Филипче дојде заедно со Орце Камчев, Александар Кирацоски, Ацо Кабранов, Анета Кочишки, Јадранка Костова, Гордана Дувњак, Лила Филиповска“,
сведочеше Колевска која вели дека не ги слушала разговорите меѓу гостите и домаќинот.
Колевска рече и дека Боки 13 реновирал дома. Пред неа, во Судот за „Рекет” сведочеше доскорешниот новинар во 1ТВ, Христијан Баневски, кој кажа дека во текот на работењето во три случаи се посомневал дека Бојан Јовановски преку сториите на новинарите има намера да рекетира луѓе.
По исказите на двајцата сведоци завеши денешното рочиште за „Рекет”. За денеска беше најавен и друг сведок, Виктор Доневски, но тој не се појави во судница бидејќи се наоѓал во Јужна Америка.
Следното рочиште за „Рекет“ е закажано за 3 јануари 2020 година, кога ќе сведочи заменичката на Катица Јанева во СЈО, Елизабета Јосифоска. Таа ќе биде прва обвинителка од оваа институција која во судница ќе влеза како сведок за случајот.
*поврзана вест: Новинарот Баневски сведочи дека Боки 13 нарачувал стории
*поврзана вест: Новинар од 1ТВ: Кога ги пуштија од притвор осомничените од Империја, Боки ни рече ништо не смееме да пишуваме за тој случај