Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Иринеј, се заразил со коронавирус и е примен во болница, соопшти вечерва Службата за информации на СПЦ.
Патријархот Иринеј нама симптоми и се наоѓа во одлична општа состојба, наведува службата за информирање на СПЦ во соопштението.
„Како дел од редовната постапка за тестирање и по епидемиолошката проценка, извршен е ПЦР-тест на САРС-КоВ2, што потврди дека Неговата Светост Патријархот српски г. Иринеј е позитивен, без симптоми и е во одлична општа состојба. Неговата Светост е сместена во ковид болница во Белград“,
се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Службата за информации на Српската православна црква.
Патријархот Иринеј пред неколку дена, заедно со илјадници верници, присуствуваше на погребот на митрополитот црногорско-приморски Амфолохије, кој почина од компликации на ковид-19.